Дома Останати Тенис Познато зошто Алкараз нема да игра во Барселона: Проблемот не е повреда

Познато зошто Алкараз нема да игра во Барселона: Проблемот не е повреда

Карлос Алкараз нема да игра на турнирот во Барселона, но не поради повреда.

Како што пишуваат шпанските медиуми во Кталонија тој нема да настапи поради недостаток на чувство при ударот, пред се форхендот. Медицинските тестови покажале дека повреда нема, туку проблемот бил психолошки.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Инаку, третиот играч на светот не настапи во Кнежевството поради проблем со мускулот на десната рака.

Во претходните две сезони Алкараз го освојуваше турнирот во Барселона, поради што ќе загуби 500 бода на АТП листата.

До Мастерсот во Мадрид ќе се обиде да си го врати чувството и да настапи во главниот град на Шпанија, каде ги освои и последните два пати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ ја напаѓа осмата титула на Вимблдон – познато кога го игра првиот меч

Српскиот ас Новак Ѓоковиќ и оваа година тргнува во нова мисија на Вимблдон, каде што ќе се…