Дома Останати Тенис Потценувачка анализа пред ОИ: Солзи за Ѓоковиќ, злато за Алкараз!

Потценувачка анализа пред ОИ: Солзи за Ѓоковиќ, злато за Алкараз!

Стартот на Олимписките игри е се поблиску, започнуваат на 26. јули, а тенискиот турнир еден ден подоцна.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Златото во Париз е голема желба на Новак Ѓоковиќ бидејќи тоа е нешто кое недостасува во неговата кариера. Зад себе Новак нема добра сезона, а проблеми му направи и операцијата на коленото од пред еден месец.

На Вимблдон сепак стигна до финалето каде што беше поразен од Карлос Алкараз.

Во анализата на порталот „Тенис 365“ токму Шпанецот е фаворит за победник во Париз.

Насловот на нивната анализа гласи: Злато за Алкараз, солзи во Париз за Ѓоковиќ“.

Тие во анализата истакнуваат и дека Новак самиот признал дека во овој момент не е на нивото на Алкараз и Синер. За Италијанецот тие прогнозираат дека ќе дојде до медал, но не до златен.

Како најголем конкурент на Алкараз се истакнува Александер Зверев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓорческа: Со настапот на Вимблдон си го остварив сонот!

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа за првпат настапи на главниот турнир на Вимблдон и ка…