Дома Фудбал Репрезентации Познати 30 учесници на Мундијалот во Катар

Познати 30 учесници на Мундијалот во Катар

30 репрезентации веќе го обезбедија своето учество на Мундијалот во Катар и останаа само уште две празни места.

Последните патници на Мундијалот ќе ги дознаеме на 14. јуни. Тогаш Костарика и Нов Зеланд ќе играат директен дуел за место на светскиот собир, а Перу го чека победникот од дуелот помеѓу ОАЕ и Австралија.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Извлечени беа и групите за Мундијалот, па тие изгледаат вака:

ГРУПА А: Катар, Холандија, Сенегал, Еквадор;

ГРУПА Б: Англија, САД, Велс, Иран;

ГРУПА Ц: Аргентина, Мексико, Полска, Саудиска Арабија;

ГРУПА Д: Франција, Данска, Тунис, Победник на интерконтиненталниот плеј-оф 1 (ОАЕ/Австралија/Перу);

ГРУПА Е: Шпанија, Германија, Јапонија, Победник на интерконтиненталниот плеј-оф 1 (Костарика/Нов Зеланд);

ГРУПА Ф: Белгија, Хрватска, Мароко, Канада;

ГРУПА Г: Камерун, Србија, Швајцарија, Бразил;

ГРУПА Х: Португалија, Јужна Кореја, Уругвај, Гана;

Светското првенство во Катар започнува на 21. ноември, а финалето е закажано за 18. декември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Арсенал официјално се пофали со долгоочекуваниот трансфер

Арсенал објави официјално дека го има трансферирано Мартин Субименди од Реал Сосиедад. “То…