Објавен е конечниот список на финалисти за Играч на годината, престижна награда која ја доделува „Глобус Фудбал награди-2019“ година.
За „Најдобар фудбалер на 2019 година“ ќе се борат Кристиано Роналдо (Јувентус), Лионел Меси (Барселона), Мохамед Салах и Вирџил ван Дајк (Ливерпул).
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во номинацијата „Најдобар тренер на 2019 година“, наградата ја „бркаат“ Јирген Клоп (Ливерпул), Фернандо Сантос (репрезентацијата на Португалија) и Ерик тен Хаг (Ајакс).
Ливерпул, Ајакс и женскиот тим на Лион се номинирани за „Најдобар тим на 2019 година“.
За „Откритие на годината“ номинирани се играчот од средниот ред Ансу Фати (Барселона), Ерлинг Халанд (Салцбург), Џејдон Санчо (Борусија Дортмунд) и Жоао Феликс (Атлетико).
Меган Рапино и Алекс Морган од САД, Луси Бронц (Англија) и Амандин Анри (Франција) се номинирани во наградата „Најдобра фудбалерка во 2019 година“.
Церемонијата на доделување на наградите ќе се одржи на 29 декември во Дубаи, а е во организација на Европската асоцијација на клубови (ЕЦА) и Европската асоцијација на фудбалски агенти (ЕФАА).