Дома Фудбал Италија Познати фаворитите за наследник на Пиоли

Познати фаворитите за наследник на Пиоли

Милан во последно време западна во голема резултатска криза и веднаш се појавија шпекулации за смена на тренерот Пиоли.

„Росонерите“ се во серија од три порази во првенството, а во последните пет првенствени натпревари освоија само два бода и во овој момент се на делба на петтата позиција на табелата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Раководството и понатаму му верува на Пиоли, но медиумуте тврдат дека на лето би можело да дојде до тренерска смена на „Сан Сиро“.

„Република“ пренесува дека има двајца фаворити за нов тренер на Милан, а тоа се Антонио Конте и Де Зерби.

Конте сигурно ќе го напушти Тотенхем и сака да се врати во Италија, но проблем може да биде неговата висока плата.

Де Зерби е хит во Премиер лигата на кормилото на Брајтон и клубот сигурно нема лесно да го пушти бидејќи има договор на уште две години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Модриќ откри без кој човек никогаш не би потпишал за Реал Мадрид

Лука Модриќ, еден од најдобрите средни играчи на светот, повторно привлекува внимание. Ова…