Вчера германските медиуми објавија „бомбастична“ вест и тврдат дека Левандовски сака да го напушти Баерн Минхен.
Полскиот голгетер минатата сезона го собори рекордот на Герт Милер и постигна 41 гол во Бундеслигата, но наводно сака нов предизвик во кариерата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еминентниот весник „Билд“ денес откри две главни причини поради кои Левандовски сака да го напушти Баерн.
„Дали е Роберт Левандовски среќен во Минхен? Се разбира дека да, но некои работи не му се допаѓаат“, пишува „Билд“.
Една од причините која му пречи на Левандовски е што медиумите го споредувале со Ерлинг Халанд, а луѓето од Минхен тоа не го демантираат и отворено признаваат дека во Минхен се размислува за Норвежанецот.
Втората причина што го нервира Полјакот е состојбата со договорот. Неговиот договор истекува во 2023 година, а Баерн до сега не му понудил продолжување на договорот.
Поради тоа Левандовски чуствува дека полека ја губи важноста и влијанието во клубот, па сериозно размислува да си замине.