Дома Останати Познати полуфиналните парови: Овде се крие новиот светски шампион!

Познати полуфиналните парови: Овде се крие новиот светски шампион!

Хрватска и Словенија ја комплетираа полуфиналната четворка на Светското првенство во ракомет. Хрватска во четвртфиналното дерби ја победи Шпанија 30:29, додека Словенија го елиминира Катар со 32:30.

Вистинско дерби во четвртфиналето одиграа Хрватска и Шпанија по кое пласман во полуфиналето слават „коцкестите“. Клучната предност Хрватска ја направи во стартните седум минути од вториот дел, кога ја достигна највисоката предност од пет гола 21:16.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Шпанците потоа трпеливо ја топеа негативата, го имаа последниот напад на натпреварот за израмнување, кој лошо го организираа.

Словенија со 32:30 го совлада вицепрвакот од минатиот Мундијал Катар и го повотри успехот од Светското првенство во Шпанија во 2011 година. Словенците многу полесно од очекувањата се справија со Катарците, кои вистинското лице го покажаа во последните десет минути кога победникот веќе беше решен.

Во полуфиналето Хрватска ќе игра против Норвешка, а Словенија против Франција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

„Бомба“ на повидок во Битола: Пелистер може да се засили со легендарен словенечки ракометар!

Екипата на Пелистер би можела да направи вистински ракометен бум, бидејќи како што дознава…