Дома Фудбал Останато Познати деталите од новиот договор на Гвардиола

Познати деталите од новиот договор на Гвардиола

Пеп Гвардиола и Манчестер Сити постигнаа нов договор за продолжување на соработката.

Актуелниот договор на каталонскиот стратег истекува во текот на летото, но не никој не се сомневаше дека ќе стави потпис на нов договор.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Новинарот Дејвид Орнштајн денеска потврди дека се договорени сите услови и дека Пеп ќе остане во Сити до летото 2025 година.

Малкумина можеа да го очекуваат тоа кога пристигна во 2016 година, познат по својот познат став дека „три до четири години е максимум да се остане во еден тим“. Во Барса беше четири години, од 2008 до 2012 година, а потоа во Баерн од 2013 до 2016. Доколку остане до 2025 година, речиси ќе наполни една деценија на „Етихад“.

Пеп со Сити освои четири трофеи во Премиер лигата, веќе не му се интересни ФА Купот и Лига купот, но затоа се уште не успеал да ја освои Лигата на шампионите. Еднаш стигна до финалето, кога беше поразен од Челзи, а лани беше елиминиран во последните моменти од Реал Мадрид во полуфиналето.

Работеше со истите директори и во Барселона кога испиша историја со 14 трофеи за четири години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Виктор Осимен со изборот на новиот клуб ќе го “замрзне” Неапол

Виктор Осимен е во сензационална форма за Галатасарај оваа сезона за време на неговото отс…