Дома Трансфер зона Познати деталите од договорот помеѓу Алаба и Реал Мадрид

Познати деталите од договорот помеѓу Алаба и Реал Мадрид

Давид Алаба после цели 13 години ќе го напушти Баерн Минхен на крајот на сезоната како слободен агент.

Сагата околу неговата иднина заврши, па сега е јасно дека Австриецот кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Алаба веќе ставил потпис на преддоговор, а сега се откриваат и финансиските детали од истиот.

Имено, Австриецот потпишал 5-годишен договор според кој ќе заработува 12 милиони евра по сезона.

Алаба е поливалентен играч и може да игра во одбраната и во средниот ред, па Реал Мадрид го одреди како приоритет неговото доаѓање на „Сантиаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…