Џејдон Санчо беше блиску до трансфер во Манчестер јунајтед, а наводно стравот од нов бран од ковид-19 е најголема причина зошто англискиот клуб не сака да го купи.
Пандемијата е причина поради која Јунајтед се двоуми дали да плати 100 милиони фунти за Санчо, а клубовите и така се веќе во тешка ситуација, па „ѓаволите“ не сакаат да ризикуваат.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Јунајтед ќе загуби до пет милиони фунти за секој меч одигран зад затворени врати, а приходите од спонзори исто така се намалија.
Според последните информации, Јунајтед пред неколку дена се договорил со англискиот репрезентативец за неговите лични услови и размислува како да ги убеди своите колеги од Германија да ја намалат цената.
Во текот на изминатите неколку недели, на „Олд Трафорд“ разгледувале различни опции, но како што одминуваше времето тие заклучија дека нема да дадат толку многу пари.