Дома Трансфер зона Позната примарната трансфер цел на Манчестер Јунајтед

Позната примарната трансфер цел на Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед покажува сериозен интерес за напаѓачот на Лајпциг, Кристофер Нкунку, пренесуваат медиумите на Островот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


23-годишниот Французин игра одлично оваа сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Нкунку е дете на ПСЖ и пристигна во Лајпциг во 2019 година, а оваа сезона на 43 меча постигна 30 гола и запиша 18 асистенции.

„Црвените ѓаволи“ се во потрага по централен напаѓач за следната сезона, а Нкунку ќе биде примарна трансфер цел.

Синоќа скаути на Јунајтед го гледаа Нкунку на дуелот против Аталанта на кој постигна два гола.

Новиот тренер Тен Хаг исто така дал зелено светло за трансферот и верува дека идеално ќе се вклопи во неговиот стил на игра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…