Златан Ибрахимовиќ (40) ќе потпише нов едногодишен договор со Милан.
Легендарниот шведски напаѓач сака кариерата да ја заврши во дресот на „росонерите“, а тоа ќе биде веројатно и така затоа што на крајот од годината Ибрахимовиќ ќе го прослави неговиот 41. роденден.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Раководството на клубот од „Сан Сиро“ одлучи да го продолжи договорот со Златан во новата сезона. Иако се свесни дека неколку месеци нема да може да сметаат на него поради тешката повреда на коленото, понуден му е договор во знак на балгодарност.
Познато е и колкава ќе биде платата на Ибра во новиот договор. Се согласил Ибра на огромно намалување, па така за неговата последна сезона ќе добие два ипол милиони евра. Треба да се се спомене дека Златан по враќањето во 2020 имаше плата од седум милиони евра.
Со оглед на тоа дека и претходно одигра две сезони за Милан вкупно постигна 92 гола на 159 натпревари.