Дома Фудбал Останато ПОЗНАТА НЕГОВАТА ИДНИНА: Марсело стави КРАЈ на сите шпекулации!

ПОЗНАТА НЕГОВАТА ИДНИНА: Марсело стави КРАЈ на сите шпекулации!

Пред неколку дена се појавија информации дека одличниот бразилски фудбалер, Марсело побарал барање за трансфер во Јувентус.

Се шпекулираше дека Марсело останал незадоволен поради заминувањето на Роналдо и Зидан, но Бразилецот сето тоа одлучи да го демантира со зборовите дека не размислува за трансфер.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Не е точно дека имам желба да го напуштам Мадрид, ниту слушнав за таква понуда. Никој не е поголем Мадридиста од мене“, изјави Марсело во микс зоната по натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Викторија Плзен во Лигата на Шампионите.

Овој 30-годишен лев бек е член на Реал уште од 2007. година, а со својот тим во повеќе наврати освои се што можеше да се освои. Претходно играше во татковината за Флуминенсе. Марсело во натпреварот против Викторија Плзен доживеа лесна повреда поради која би можел да го пропушти Ел Класико кој е на распоредот во недела од 16:15 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Најдобрата замена во историјата на Премиер лигата“ – тој е тактички гениј!

Практично сите 59 минути, Астон Вила беше притисната на Стамфорд Бриџ. Челси водеше со 1:0…