Челзи не се откажува од намерата да го ангажира Моисес Каиседо од Брајтон и тоа ќе биде приоритет за „сините“ во летниот преоден рок.
Неколку гиганти од Премиер лигата го сакаа Еквадорецот уште во јануари, но Брајтон не сакаше да го пушти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега ситуацијата е поинаква, Каиседо сигурно ќе ја промени средината, а Челзи сака да ја победи конкуренцијата.
Најголема желба на Покетино за засилување на средниот ред е токму Каиседо, па „сините“ се спремни да ги продадат Ковачиќ и Лофтус Чик за да го донесат Еквадорецот.
Брајтон за слободата на играчот за врска бара 70 милиони евра, сума која Челзи е спремен да ја плати и веќе стапил во контакт со неговиот агент.
🚨 Chelsea are in the race to sign Brighton midfielder Moises Caicedo.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) June 2, 2023
(Source: @FabrizioRomano)