„Кориере дело Спорт“ открива дека главната трансфер цел на Милан ова лето ќе биде Доменико Берарди од Сасуоло.
Милан сака да ја засили десната крилна позиција, а најголема желба на тренерот Пиоли е токму Доменико Берарди.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Берарди одигра уште една одлична сезона, постигна 17 голови, а покажува добри партии и на Европското првенство.
Сасуоло е спремен да го пушти, но за неговата слобода бара помеѓу 30 и 40 милиони евра.
Милан веќе стапил во контакт со агентот на Италијанецот и ќе започне преговори со Сасуоло по завршивањето на ЕУРО.
#Calciomercato, il #Milan fa sul serio per #Berardi https://t.co/A7dms8lKGv
— Corriere dello Sport (@CorSport) July 2, 2021