Реал Мадрид одлучи на крајот на сезоната да си го врати Брахим Дијаз, кој е на позајмица во Милан.
„Росонерите“ сакаа да го задржат, но после заминувањето на Асенсио „кралевите“ одлучија токму Брахим Дијаз да биде негова замена.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сега Милан е во потрага по негова замена, а „Тутоспорт“ пренесува дека прв избор за Донемико Берарди.
Берарди имаше уште една добра сезона во Сасуоло и ова лето е решен дефинитивно да ја промени средината. Тој постигна 12 гола и 7 асистенции, па Пиоли верува дека би бил идеално засилување за тимот.
28-годишниот Италијанец има долг договор со Сасуоло, а Милан е спремен за неговиот потпис да понуди 20 милиони евра плус некој млад фудбалер.