Maнчестер Јунајтед во вчерашниот натпревар против Вест Хем во Премиер лигата одигра реми без голови.
По повод овој резултат на „ѓаволите“ од „заводот за статистика“ ни пристигнува податок кој доволно зборува како игра Манчестер Јунајтед по заминувањето на легендарниот Сер Алекс Фергусон
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено од „OptaJoe“ забаележаа дека од 2013 година кога Сер Алекс Фергусон го напушти Манчестер Јунајтед овој клуб одиграл 19 натпревари со најнепопуларниот резултат во фудбалот (0:0).
„Ѓаволите“ со оваа бројка се израмнија со тимот на Саутемптон и тоа се двата клуба со најмногу натпревари одиграни без голови, а секако дека навивачите очекуваат многу повеќе од клуб кој во своите редови има големи и скапи фудбалски ѕвезди.