Фудбалерите на ПСЖ вчера се пласираа во полуфиналето од Лигата на шампионите откако во Лисабон ја поразија Аталанта со 2:1.
Еден од најдобрите во теренот беше Бразилецот Нејмар кој правеше дар-мар во одбраната на Аталанта.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако пропушти да реализира две 100% прилики Нејмар носеше многу за ПСЖ пред голот на Аталанта каде што беше константна закана, а на крајот беше и асистент при постигнувањето на првиот гол и учествуваше во акцијата за вториот.
Во овој натпревар Нејмар направи дури 16 дриблинзи и на тој начин стана само третиот играч во историјата на Лигата на шампионите со таков учинок во еден натпревар.
Пред него во тоа успеваа Лионел Меси против Манчестер Јунајтед во 2008 година и Хавиер Занети против Динамо Киев пет години претходно.
Во продолжение погледнете некои од најдобрите потези на Нејмар од вчерашниот натпревар:
Neymar Jr vs Atalanta
— DIEGO ❂ (@TheRonaldoZone) August 12, 2020
The best attacking midfielder on the planet showing up on the big stage, never hid himself in the most important moments of the game. pic.twitter.com/Shq52Z6tcT