Дома Фудбал Англија Погба си порача: Мурињо сакам уште еден другар во тимот

Погба си порача: Мурињо сакам уште еден другар во тимот

Манчестер Јунајтед ги исполни двете важни желби ова лето, пристигнаа Виктор Линделоф и Ромелу Лукаку, кој впрочем беше и посебна желба за Пол Погба, со оглед на тоа дека се дружат, а заедно тренираа и во Лос Анџелес и пред потписот.

Меѓутоа, Французинот има уште една желба, а тоа е Серж Орие од ПСЖ.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Погба веќе им соопшти на управата и Мурињо дека верува дека овој десен бек одлично би се вклопил во системот на Манчестер Јунајтед.

Покрај сето тоа, ова би бил паметен потег и поради цената на трансфер пазарот, бидејќи Орие може да замине за 20 до 25 милиони евра, особено кога ќе знае дека сега во тимот прв избор ќе биде Дани Алвеш на истата позиција.

Погба верува дека со Орие и Линделоф одбраната на Јунајтед би добила на брзина и цврстина, но останува да се види каков потег ќе повлече Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фабио Канаваро ја презеде улогата на селектор на Узбекистан: Високи амбиции за СП 2026

Легендарниот италијански фудбалер Фабио Канаваро официјално беше претставен како нов селек…