Дома Фудбал Англија Погба пред Лајпциг: Не смееме да си дозволиме пораз

Погба пред Лајпциг: Не смееме да си дозволиме пораз

Играчот за врска на Манчестер Јунајтед, Пол Погба зборуваше пред утрешното гостување кај Лајпциг во Лигата на шампиони.

Ова е клучен натпревар за „црвените ѓаволи“ и потребно им е најмалку реми за да се пласираат во нокаут фазата од Лигата на шампиони.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Веќе следниот викенд Јунајтед го очекува големо дерби со градскиот ривал Сити, а Погба вели дека „црвените ѓаволи“ секогаш треба да одат на победа.

„Секако, ќе имаме два големи натпревара. Разбираме дека ова се две важни и одлучувачки средби. Победата секогаш мора да биде наш императив. Не смееме да си дозволиме да загубиме или да се задоволиме со реми. Ние секогаш мора да победуваме, тоа е она што го сакаме“, изјави Погба.

„Секогаш треба да излегуваме на терен со менталитет на победници. Имаме проблем бидејќи примаме многу голови, тоа треба да го решиме. Сепак, ние играме за победа без разлика дали 1:0 или 6:5, мора да победуваме“, додаде Погба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Потег за почит: Гвардиола му даваше совети на противнички играч🎥

Адама Траоре беше трагичар за Фулам во поразот од Манчестер Сити со 3-2 бидејќи имаше неко…