Дома Фудбал Погба: Оние кои ме познаваат знаат дека никогаш не би земал допинг намерно

Погба: Оние кои ме познаваат знаат дека никогаш не би земал допинг намерно

Францускиот 31-годишен играч за врска Пол Погба ќе игра следната година од март. Фудбалерот на Јувентус ќе може да се приклучи на тимот веќе во јануари следната година на тренинзи, откако му беше намалена казната, која изнесуваше четиригодишна суспензија поради допинг.

Погба беше суспендиран на крајот од минатата сезона бидејќи тестот на кој беше подложен по натпреварот меѓу Удинезе и Јувентус на 20 август 2023 година покажа дека има вишок тестостерон.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


„Завршив. мртов сум. Пол Погба повеќе не постои“, рече Погба минатото лето, кога дозна за големата казна. Сакаше да ја заврши кариерата во која играше само за два клуба – Манчестер Јунајтед и Јувентус.

Во интервју за Sky Sports, Погба зборуваше за овој случај: “Оние кои ме познаваат исто така знаат дека никогаш не би земал допинг намерно. Јас сум чесен човек. Ако го земав, би признал. Но не е така. Јас не сум измамник, го сакам спортот и никогаш не би лажел.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Судиски аналитичар за голот на Милан: Ова е срамота!

Голем револт во Србија предизвика судењето на Хесус Гил Манзано, Шпанецот кој го водеше на…