Пол Погба на крајот на сезоната ќе го напушти Манчестер Јунајтед како слободен агент, а трката за неговиот потпис веќе започна.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Англиските медуми пренесуваат дека три клуба ја водат главната битка за неговиот потпис и веќе започнале преговори со неговиот агент Мино Раиола.




Станува збор за ПСЖ, Реал Мадрид и Јувентус кои веќе доставиле свои понуди за потписот на Погба, кој уште сега е слободен да потпише договор со друг клуб.
ПСЖ сака да ја победи конкуренцијата и се спремни на Погба да му понудат плата што другите заинтересирани клубови не можат да си дозволат.




Поради тоа „светците“ се посочуваат како фаворити, но италијанските медиуми пренесуваат дека Французинот преферира да се врати во Јувентус.