Најголем дел од земјите веќе ги укинаа сите рестрикции за влез, САД повторно ги промени правилата за влез во се уште незавршената пандемија со ковид-19 и во ваков случај Ѓоковиќ повторно се соочува со проблеми и би можел да го прескокне УС Опен.
САД донесе одлука и таа стапува на сила од денес. Сите кои влегуваат во САД ќе мора да имаат негативен ПЦР-тест, додека странците ќе морат да приложат доказ за вакцинација и тоа му прави проблем на Ѓоковиќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ѓоковиќ веќе пропушти два Мастерси во САД, Индијан Велс и Мајами, а како што е познато помина низ вистинска тортура во Австралија од каде што беше депортиран после циркуз од 12 дена.
УС-Опен на програмата е на 29=ти август, засега не е познато колку на сила ќе биде оваа одлука и дали ќе има промени.