Натпреварот помеѓу кошаркарките на Израел и Република Ирска во рамките од квалидикациите за Евробаскетот се најде под истрага на ФИБА поради мешање на политиката во спортот.
Натпреварот требаше да се игра во ноември лани, меѓутоа поради ситуацијата во појасот Газа се одложи и се закажан на неутрална локација во летонски град Рига.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На крајот средбата беше обележана со скандал. Имено, ирските кошаркарки одбиле да се поздрават со противничките и тренерите пред натпреварот, а не сакале ниту да ги разменат вообичаените подароци како што налага фер-плејот.
Израел случајот го пријави и конечната одлука ќе биде донесена подоцна откако ќе се разгледа се што делегатот на натпреварот навел во извештајот. Пред одигрувањето на натпреварот врз Кошаркарскиот сојуз на Ирска постоел голем притисок да не игра воопшто против Израел.
🇮🇪🇮🇱‼️🚨 BREAKING: Ireland women's basketball team refused to shake hands with Israel before their EuroBasket 2025 qualifier in Riga.
— Lord Bebo (@MyLordBebo) February 8, 2024
Israel player Dor Sa'ar said on Wednesday that the Ireland team is "quite anti-Semitic". pic.twitter.com/9wwj4YVppR