За првпат во историјата се случува УЕФА да повтори еден ждреб во некое свое натпреварување. Во Нион беа направени низа грешки и тиа од Европската куќа на фудбалот беа признати со тоа што направија повторување.
Реал Мадрид имаше најмалку среќа затоа што место со Бенфика сега ќе игра против ПСЖ, а второто големо дерби е Интер – Ливерпул. Тука е и средбата Атлетико – Манчестер Јунајтед, ќе потсетиме ждребот беше повторен токму затоа што Јунајтед не беше ставен како опција за Атлетико, тогаш Атлетико го доби Баерн.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
ПАРОВИ ЗА ОСМИНАФИНАЛЕ ЛШ
Салзбург – Баерн Минхен
Спортинг – Maнчестер Сити
Бенфика – Ајакс
Челзи – Лил
Атлетико Мадрид – Maнчестер Јунајтед.
Јувентус – Виљареал
Интер – Ливерпул
ПСЖ – Реал Мадрид
Ова беа паровите на претходниот ждреб:
Бенфика – Реал Мадрид
Виљареал – Манчестер Сити
Атлетико Мадрид – Баерн Минхен
Салзбург – Ливерпул
Интер – Ајакс
Спортинг – Јувентус
Челзи – Лил
ПСЖ – Манчестер Јунајтед