Дома Фудбал Репрезентации „Повеќе сакам да го решам натпреварот со Македонија, отколку да постигнам гол за утеха со Германија“

„Повеќе сакам да го решам натпреварот со Македонија, отколку да постигнам гол за утеха со Германија“

И Романците како и ние се подготвуваат за натпреварот кој ќе го играме утре во стартот од квалификациите за Светското првенство во 2022 година.

Пред овој дуел Романија се соочува со недостаток на голгетери, а единстен класичен напаѓач ќе им биде Џорџ Пушкаш. Во изјава пред натпреварот Пушкаш порача дека повеќе би сакал да го реши натпреварот со Македонија отколкку да постигне утешен гол со Германија.


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


„Гол за репрезентацијата нормално дека е нешто посебно. Во националниот тим секогаш доаѓаме со иста желба, сакаме да бидеме успешни и да играме на големите турнири. Сега пред нас се нови квалификации. Повеќе би сакал да постигнам решавчки гол со Македонија отколку гол за утеха против Германија. Моите голови не ми значат многу ако мојата репрезентација нема успех. Голема работа би била за цела земја да обезбедиме место на СП“, изјави Пушкаш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Србија елиминирана, Словенија во осминафинале

Двата натпревари во Групата Ц завршија без голови, па крајниот исход е таков што Србија ка…