Тимот на Победа го освои традоционалниот турнир „Вуко Каров“ кој се игра по италијански систем.
На турнирот во Кавадарци учествуваа Тиквеш и Вардар и секој играше против секого по едно полувреме. Во првиот натпревар помеѓу Победа и Вардар прилепскиот тим победи после изведувањето на пенали.
Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
Тиквеш потоа го победи Вардар со 1:0 со голот на Симеон Христов. Во натпреварот помеѓу Тиквеш и Победа прилепчани уште еднаш славеа на пенали со 3:1, претходно како и дуелот со Вардар и овој заврши 0:0.
Коментари