Дома Македонски спорт Мак ракомет Победа во второто коло за полуфинале на ЕХФ шампионатот за ракометарите до 19 години

Победа во второто коло за полуфинале на ЕХФ шампионатот за ракометарите до 19 години

Maкедонските ракометари до 19 години во второто коло ја совладаа Полска со 30:25 и со овој триумф обезбедија пласман во полуфналето од ЕХФ шампионатот кој се игра во Скопје. Во полуфуиналето нашата репрезентација ќе се сретне против подобриот од дуелот Швајцарија – БиХ.

Од почетокот ние поведовме, таа предност во првиот дел стигна до максимални 14:11, но до крајот на полувремето сепак истата се намали на само минус еден 16:15.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Клучен период за победата можеби беше почетокот на првиот дел во кој Македонија во првите пет минути направи серија од 4:0 и поведе со 21:17. Полска се држеше некаде до 45. минута, а тука почнаа да го губат чекорот, па ние дојдовме и до највисоки плус шест, на крајот славевме со пет гола разлика.,

Најефикасен кај нас беше Митев со седум гола, Петковски и Атансијевиќ постигнаа по четири.

Фото: РФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…