Дома Македонски спорт Мак фудбал ПМФЛ: Вардар го чека тешко гостување кај Борец

ПМФЛ: Вардар го чека тешко гостување кај Борец

Денес Вардар во рамките од македонската прва лига ќе игра на гости во Велес против Борец.

Борец на домашен терен игра одлично и нема пораз. На гости се во Велес им беше на сите тешко, меѓутоа кога ќе се погледне традицијата таа е на страната на Вардар. Црвено-црните не знаат да губат на овој стадион. Во последните две средби во Велес Вардар еднаш славеше со 0:1 и еднаш ремизираше 0:0.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Велешани на табелата се наоѓаат на четвртата позиција што секако за овој тим е одличен учинок, освоија 19 бода. Од друга страна Вардар е во серија од четири натпревари без победа. Ако ги погледнеме последните четири меѓусебни пресметки на Вардар и Борец тогаш многу голови денес не се очекуваат. Во последните четири натпревари вкупно во дуелите на овие два тима паднаа четири гола.

Вардар – Борец 0:1

Борец – Вардар 0:1

Вардар – Борец 2:0

Борец – Вардар 0:0

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…