Дома Македонски спорт Пливачката Блажевска собори 11 државни рекорди на еден митинг!

Пливачката Блажевска собори 11 државни рекорди на еден митинг!

На меѓународниот пливачки митинг „13 Ноември“ кој се одржа изминатиот викенд на базенот „Борис Трајковски“ во организација на Пливачкиот клуб „Бета Шаркс“ од Скопје соборени се 13 државни рекорди на Македонија во 25м базени.

Пливачката Миа Крстевска од ПВК Орион постави апсолутен рекорд во дисциплината 200м грбно со време од 2.14.53, додека Миа Блажевска Еминова постави неверојатни 11 рекорди.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Кадетски рекорд на 50м делфин – 28:51
Кадетски и младински рекорд на 100м слободно – 57:60
Кадетски и младински рекорд на 50м слободно 26:49
Кадетски, младински и апсолутен рекорд на 50м грбно – 29:91
Кадетски, младински и апсолутен рекорд на 100м мешано – 1:05:22

Пливачката на ПК Аква Про од Скопје, Ева Петровска постави нов Младински рекорд во дисциплината 200м делфин со време 2:20:23.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…