По ангажманот на Леонардо Бонучи, Милан продолжува со активностите на фудбалскиот пазар. Италијанските медиуми објавија дека „росонерите“ испратија официјална понуда до Баерн за Ренато Санчес.
Милан нуди 40 милиони евра плус 20 милиони евра бонуси за фудбалерот.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Младиот Португалец минатата сезона не се изнаигра во германскиот првак и затоа е можно да ја промени средината со цел да биде стандарден првотимец.
Неговиот менаџер рекол дека ќе стори се што може да се оствари трансферот доколку Милан даде разумна понуда, па останува сега да се види одговорот.