Дома Фудбал Останато Платини и Блатер ослободени од обвиненијата за корупција

Платини и Блатер ослободени од обвиненијата за корупција

Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини и поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер денеска беа ослободени од обвиненијата за корупција по пресудата на Федералниот кривичен суд во Белинцона, Швајцарија.

Обвинителството го обвини Блатер дека незаконски и дозволил на ФИФА да му плати на Платини два милиони швајцарски франци во 2011 година.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Швајцарецот, кој беше на чело на ФИФА 17 години, тврдеше дека тоа е џентлменски договор меѓу него и Платини и дека Французинот ги добил парите за консултантски услуги што ги извршувал во 1998 година.

Платини и Блатер во 2015 година беа исфрлени за осум години од фудбалот, но подоцна казните им беа намалени.

Французинот тврдеше дека аферата била подметната против него за да не може да се кандидира за претседател на ФИФА.

„Сакам да изразам среќа за сите мои најблиски бидејќи правдата конечно е задоволена по седум години лаги и манипулации. Мојата борба е борба против неправдата. Ја добив првата битка“, изјави Платини по пресудата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бернардо Силва има рок да каже „ДА“ на Јувентус, неговиот сонародник му предлага други опции

Триесет и едногодишниот португалски играч за врска Бернардо Силва полека го завршува својо…