Дома Македонски спорт Пласманот на ЕП во Финска се подалеку – Надежите играа, но Летонија победи

Пласманот на ЕП во Финска се подалеку – Надежите играа, но Летонија победи

Репрезентацијата на Македонија до 19 години денес претрпе пораз во натпреварот против Летонија од 1:2.

Според рејтингот на репрезентациите се очекуваше токму Летонија да биде „најлесниот“ противник.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Македонија имаше игра и го контролираше натпреварот, но поголемиот број обиди сепак беа со удари од далечина. На спротивната страна пред нашиот гол, Богданс Самоиловс искористи две прилики во период од 14 минути, прво 42, а потоа во 56 минута.

До гол нашата селекција стигна кога веќе беше доцна, во 89 минута и тоа од пенал преку Димитар Митровски.

По овој пораз ќе биде навистина тешко да стигнеме до пласман на Европското првенство бидејќи место обезбедува само првопласираната селекција. Следниот натпревар го играме во сабота против Унгарија, а потоа во вторник не очекува натпревар против фаворизираната Англија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Судијата во Италија му се извини на Јувентус и го обвини Бастони за симулација

Шефот на судиите во Италија, Џанлука Роки, се извини на Јувентус поради дискутабилниот вто…