Вечерва Јувентус ќе игра против Порто за пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите, а Андреа Пирло верува дека ќе го има максимално расположениот Кристиано Роналдо.
Јувентус ќе игра против Порто и од претходниот натпревар „старата дама“ има негатива од 2:1 па сега самп победа е опција за Италијанците. Пирло верува дека Роналдо може да биде човекот на одлука.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ова се натпревари за Кристиано Роналдо, многу пати го докажал тоа. Имаше специјален тренинг и е подготовен за игра“.
Новинарите го прашаа дали стравува од отказ затоа што Алегри и Сари си заминуваа поради слаб настап во Европа.
„Ако мислев така немаше да бидам тука. Знам од колкава важност е овој натпревар, но одиме чекор по чекор. Клубот одлучува за мојата иднина, мое е да работам најдобро што знам. Овој натпревар е како финале за нас, ќе се обидем да ги поправиме грешките кои ги направивме во минатиот натпревар“, изјави Пирло.