Дома Фудбал Лига на шампиони Пирло пред Барселона има проблеми со стоперите

Пирло пред Барселона има проблеми со стоперите

Oд Јувентус потврдија дека Леонардо Бонучи не го повредил бутниот мускул против Верона, но и понатаму е под знак прашалник за мечот со Барселона.

Бонучи против Верона (1:1) излезе од игра во 75. минута, а денешните прегледи покажале дека нема сериозна повреда. Сепак, тренерот на Јувентус, Андреа Пирло дури на последниот тренинг пред натпреварот во среда ќе одлучи дали Бонучи ќе игра или не.


Роналдо - човек рекорд! Франција и Белгија во дербито на денот! ↓↓↓


Со оглед на тоа дека Пирло не може да смета на Киелини поради повреда на мускулот и Матијас Де Лихт кој има повреда на рамото јасно е дека се соочува со проблем во одбраната. Датумот на враќањето на Киелини не е познат, а Де Лихт би требало да заигра во ноември. Поради тоа во одбраната против Барселона би можеле да заиграат Квардадо, Демирал и Алекс Сандро.

Ќе потсетиме во првото коло Јувентус го доби Динамо Киев на гости со 0:2, додека Барселона дома со Френцварош славеше со 5:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

„Би-Би-Си“ сакаше да го понижи Роналдо, па предизвика бурни реакции

Кристијано Роналдо имаше прилика во 105. минута од вчерашниот натпревар помеѓу Португалија…