Поранешниот фудбалер на Интер, Милан, Јувентус и Њујорк Андреа Пирло открива интересни детали од неговата кариера.
Една година откако во 2009 година Барселона ја освои Лигата на шампионите и го победи Манчестер Јунајтед во Каталонија не биле задоволни од скапоценото засилување.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Токму поради тоа Пирло како дел од трансферот на Ибрахимовиќ од Барса во Милан можел да тргне во спротивен правец.
„Постоеа преговори со Брселона како дел од трансферот на Ибрахимовиќ требаше да бидам фудбалерот кој ќе тргне во спротивен правец. На крајот работите тргнаа во поинаква насока, па беше одлучено само Ибра да се придружи на Милан“, изјави Пирло.
Девет години подоцна плејмејкерот истакнува дека веројатно би било добро искуство, но дека не го посакувал.
„Секако дека би било добро искуство, но јас во тоа време бев среќен во Милан, а никогаш нема да знам дали би го прифатил тој трансфер“, открива Пирло.