Јувентус вчера беше елиминиран од Порто во Лигата на шампионите.
Иако „старата дама“ во Торино после продолженија го победи Порто со 3:2 португалскиот гигант помина во четврфиналето поради голот повеќе на гости.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
После натпреварот италијанските новинари го запрашаа Андреа Пирло за можна оставка.
„Бев повикан во Јувентус за да започнеме нов проект кој ќе трае неколку години. Продолжувам да работам. Ќе ни бидат потребни неколку денови да го разбереме овој натпревар, но потоа мораме да влеземе во секој натпревар со вистински став. Се уште е само март има време да ја подобриме нашата позиција на табелата во Серија А“, изјави Пирло.
Навивачите на „старата дама“ се бесни поради очајната игра и резултатите и сигурно дека добар дел од нив сакаат промена на клупата.