Дома Трансфер зона Пирло на двајца играчи им порачал да си бараат нови клубови

Пирло на двајца играчи им порачал да си бараат нови клубови

Јувентус пред неколку дена го отпушти Маурицио Сари, а на негово место за тренер беше избран Андреа Пирло.

Пирло неколу недели пред тоа беше избран за тренер на У23 екипата на Јувентус, меѓутоа експресно беше прекомандуван во првиот тим. Многумина беа изненадени што Пирло седнува на клупата на Јувентус без никакво искуство, па останува да видиме дали ќе ја искористи дадената шанса.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Веќе на големо се шпекулира дека Пирло ќе направи големи промени во играчкиот кадар. Еден играч веќе замина, Блез Матуиди. Французинот кариерата ја продолжи во Интер Мајами.

Како што денес пишуваат италијанските медиуми Пирло имал разговор со Игуаин и Кедира и јасно им порачал дека нема да смета на нив во новата сезона и дека имаат дозвола да побараат нов клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…