Легендарниот италијански плејмејкер, Андреа Пирло вчера го одигра последниот натпревар и официјално стави крај на својата богата кариера.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Пирло веќе има три понуди на маса и секако ќе остане во светот на фудбалот, па сега на него останува да избере.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првата е да му се придружи на Антонио Конте во Челзи и да биде негов помошник. Италијанецот размислува дали да заплива во тренерските води, а доколку се одлучи за тоа тогаш најверојатно ќе го учи „занаетот“ кај Конте.
Втората понуда е да биде функционер во Италијанскиот фудбалски сојуз бидејќи Пирло е еден од симболите на „аѕурите“ во овој век.
Третата понуда е од неговиот поранешен клуб Јувентус. Пирло остана во одлични односи со претседателот Андреа Ањели кој сака да го врати во клубот и му нуди да биде амбасадор на „бјанконерите“.
Трите понуди се на маса, останува да видеме што ќе избере фудбалскиот „Моцарт“.