Дома Фудбал Италија Пиоли: Леао треба да остане во Милан

Пиоли: Леао треба да остане во Милан

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли го изрази задоволството од денешната победа и посебно го пофали Рафаел Леао.

Иднината на Леао во Милан е неизвесна бидејќи се водат преговори за продолжување на соработката, а има интерес од многу клубови.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Ова беше една од најдобрите партии на Леао откако сум јас во Милан. Беше сконцетриран цели 90 минути и се бореше за секоја топка и после голот. Лео ужива и е среќен во Милан. Секогаш му кажувам дека неговиот пат на развивање со нас се уште не е завршен. Треба да остане во Милан и да се развие во голем шампион“, изјави Пиоли.

„Де Кетеларе исто така ми се допадна денес. Ја подобри физичката форма, а Мундијалот му помогна и психички да биде повеќе уверен во своите способности. Јас немам сомнеж во неговите квалитети и ќе биде мнигу важен играч за нас“, додаде Пиоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Некогаш беше најскап бек во светот, сега пронајде нов клуб

Бенџамин Менди (31) ќе потпише двегодишен договор со Погон Шчеќин, информираат полските ме…