Дома Фудбал Италија Пиоли и Милан се договорија

Пиоли и Милан се договорија

Италијанскиот гигант Милан и тренерот Стефано Пиоли се договорија за продолжување на соработката, пренесува „Газета дело Спорт“.

Пиоли после седум години го врати Милан во Лигата на шампиони, тимот игра одлично и се бори за Скудетото, па раководството сака да го задржи тренерот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Двете страни постигнале договор за продолжување на соработката до 2024 година, а според новиот договор Пиоли ќе заработува 3,5 милиони евра по сезона плус бонуси.

Италијанските медиуми пренесуваат дека следната недела ќе биде официјализиран новиот договор на тренерот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Паника на Етихад! На адреса на Пеп Гвардиола стигнува понуда која не можеше ни да сонува

Еден од најдобрите тренери на сите времиња во моментот работи во Manchester City, но сè уш…