Голманот на Евертон и репрезентацијата на Англија, Џордан Пикфорд одговори на критиките кои ги доби од англиската јавноста, Пикфорд после натпреварот со Кристал Палас беше критикуван и од Гери Невил.
Евертон го победи Кристал Палас со 3:1, но пикфорд сепак беше критикуван. Сега англискиот голман им одговори на критичарите:
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Сите во еден момент се мета на критики. Некои повеќе, некои помалку. Тоа е судбината на англиските фудбалери. Сите имаат причина да те мразат. Едноставно се помирив со тоа бидејќи тоа е нешто со кое мораш да живееш. Многу добро сум свесен што и колку можам“.
Пикфорд знае дека сега повеќе е мета затоа што е прв голман на репрезентацијата.
„Смешно е. Кога играш за репрезентацијата сите те фалат. Кога ќе се вратиш во клубот наоѓаат нешто да те критикуваат. Лично тоа не ме погодува, но не може да не те нервира. Сите знаат нешто и имаат некој коментар. Погледнете го Гери Невил, тој едвај чека да нападне некој англиски играч“, изјави Пикфорд.