Дома Фудбал Aргентинците дојдоа до шишето на Пикфорд, Меси беше изненаден кога прочита што пишува за него

Aргентинците дојдоа до шишето на Пикфорд, Меси беше изненаден кога прочита што пишува за него

По уште еден спектакуларен натпревар, Аргентина си осигура место во финалето на Светското првенство со победа над Англија од 2:1. Иако теренот беше сцена на славје и историски пресврт, медиумите ширум светот истакнаа и еден интересен дел непосредно по последниот судиски свиреж на судијата.

Додека Англичаните тажеа, аргентинските репрезентативци пронајдоа на теренот шише од англискиот голман Џордан Пикфорд, на кое беше откриена тајна формула за пенал-ситуација.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во рамките на деталната подготовка за потенцијалната пенал-серија, Џордан Пикфорд имаше залепено водич на своето шише со тактики за тоа како аргентискиот тим шутира од белата точка.

На списокот се беа имињата на водечките аргентиски ѕвезди, како што се Лаутаро Мартинез, Хулијан Алварез, Ензо Фернандез и Лионел Меси. До секое име имало прецизни упатства за голманот (на пр.: “наведи лево – фрли десно”, “држи централен – задржи”, “фрли десно – следи со нога”).

Камерите го фатија моментот кога Нико Гонзалез, Лионел Меси и дефанзивецот Маркос Сенеси ги разгледуваа деталите на шишето. Читачите на усни брзо го дешифрираа нивниот разговор кој брзо стана вирален:

Нико Гонзалез: “Погледни што најдов. Има белешки за Лаутаро, Хулијан…”

Член на стручен тим: “Да, сите играчи се на шишето.”

Лионел Меси: “Што?! Што значат тие белешки?”

Член на стручен тим: “Сенеси, прочитај ти… Ти зборуваш англиски.”

Маркос Сенеси: “Пишува во која насока голманот треба да се фрли…”

Лионел Меси: “Мислиш на голманот (Пикфорд)?”

Маркос Сенеси: “Да. За тебе, Лео, пишува: ‘тргни лево, но фрли се десно’.”

Лионел Меси (со изненаден насмевка): “Голманот навистина се посветил да изучи како изведувам пенали…”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еве кога се игра финалето на СП – кој ќе го крене пехарот?

Фудбалерите на Шпанија и Аргентина ќе играат во финалето на Светското првенство. Како ПАМЕ…