Дома Фудбал Репрезентации Пикси за Влаховиќ: Изгледа требаше да остане во Фиорентина за да игра за репрезентацијата

Пикси за Влаховиќ: Изгледа требаше да остане во Фиорентина за да игра за репрезентацијата

Репрезентацијата на Србија во јуни ќе одигра четири натпревари од Лигата на нации.

На 2. јуни Норвешка ќе пристигне во Белград, три дена подоцна ќе гостува Словенија, по што ќе следуваат гостувања во Шведска и Словенија.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Селекторот на српската репрезентација Драган Стојковиќ Пикси минатиот петок објави скратен список на фудбалери, а на него поради повреда го нема Душан Влаховиќ.

Тој не беше на последниот собир на репрезентацијата, односно откако се пресели во Јувентус, а селекторот се пошегува со оваа ситуација.

„Изгледа мораше да остане во Фиорентина за да игра за репрезентацијата (низ смеа прокоментира Пикси). Бев во контакт со лекарите од неговиот клуб, има проблем со болки во препоните. Затоа го нема на списокот“, објасни Стојковиќ.

Да потсетиме, Србија на Мундијалот се пласираше во група со Бразил, Швајцарија и Камерун.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…