Дома Фудбал Италија Пикси го советува Влаховиќ: Смени го клубот, но остани во Серија А

Пикси го советува Влаховиќ: Смени го клубот, но остани во Серија А

На легендарниот Драган Стојковиќ – Пикси одлично му оди на клупата на Србија со која и се избори за директен пласман на Светското првенство во Катар. Еден од најдобрите српски фудбалери во овој момент е Душан Влаховиќ кој игра фантастично во дресот на Фиорентина.

Голем број клубови од најсилните првенства покажуваат интерес да го доведат Влаховиќ во своите редови. Јувентус е најсериозен кога се италијанските клубови во прашање, но тука се уште Сити, Тотехем и Арсенал од Премиер лигата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Пикси го советува Влаховиќ да го промени тимот, но да остане во Италија.

„За Душан имам само еден совет во овој момент – смени го тимот ама остани во Италија! Сигурен сум дека Серија А е најдоброто првенство за негов понатамошен напредок и развој. Во иднина ќе има време да се проба и во други првенства“, изјави Пикси.

Сезонава Влаховиќ во Серија А постигна 10 гола и е на првото место на листата стрелци со Чиро Имобиле од Лацио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Габриел Жесус потпишува за гигантот од Серија А!

Како што пренесуваат бразилските и италијанските медиуми, напаѓачот на Арсенал, Габриел Же…