Хаос ја потресе Шпанија по референдумот за независност на Каталонија, а секако во центарот на вниманието е Џерард Пике.
Дефанзивецот на Барселона веќе неколку години наназад е најгласен кога е во прашање независноста на Каталонија, а вчера со солзи во очите најави дека постои можност да се повлече од репрезентацијата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес беше закажан собир на репрезентацијата, а Пике посебно беше на удар на навивачите кои се собраа се чини поради тоа, да им испратат порака на каталонските навивачи.
По доаѓањето во фудбалскиот центар, навивачите го исвиркуваа Пике, а дополнително се ескалираше кога излегоа на прв тренинг.
Навивачите викаа: „Пике ѓубре, надвор од репрезентацијата“, додека беа забележани и транспаренти со натписот „Пике, Шпанија е твоја нација“.
Редарите мораа да реагираат, сите транспаренти беа повлечени, а навивачите беа предупредени да престанат да им скандираат негативно на репрезентативците.
Меѓутоа, од трибините, како и пред стадионот, се слушаа само навреди, а според информациите на тамошните медиуми, на удар од сите каталонски играчи бил единствено Џерард Пике.
PIQUÉ saltó al entrenamiento entre gritos de "fuera, fuera"
▶ https://t.co/yOe5KvwGUz pic.twitter.com/xV5HndWi3P— MARCA TV (@MARCATV) October 2, 2017