Џерард Пике по натпреварот против Лас Палмас, кој Каталонците го одиграа пред празен стадион, одвај ги задржа солзите на пресот за медиумите.
„Ова е тежок ден. Горд сум на луѓето од Каталонија, јас сум и секогаш ќе бидам Каталонец. Ова е демократија и секој има право на глас, она за што денес се случува доволни се сликите од полициската бруталност кои сами зборуваат“, истакна Пике.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Тој посочи дека управата се обидела да го одложи мечот, но тоа не било дозболено. Пике смета и дека ова е најлошата одлука која ја направила земјата во последните 40 години.
— Marçal Lorente (@Marsallorente) October 1, 2017