Дома Фудбал Oбјавени нови бизарни клазули од договорот на Меси: Една е поврзана со Каталонија

Oбјавени нови бизарни клазули од договорот на Меси: Една е поврзана со Каталонија

Шпанските медиуми пред неколку дена објавија детали од договорот на Лионел Меси и Барселона.

Деталите од договорот ја шокираа фудбалската јавност бидејќи е објавено дека Меси за договор од четири години инкасира дури 555 милиони евра. Договорот е потпишан во 2017 година и важи до лето оваа година.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меси годишно заработува 138 милиони евра без бонуси. Аргентинецот најави тужба против луѓето кои го објавија сето ова и тврди дека пет луѓе знаеле што содржел договорот.

Но, „Ел Мундо“ денес продолжи да објавува доверливи информации од договорот на Меси и овој пат објавија за клазула која се наоѓа во него.

Наводно во договорот има клазула според која Меси може да замине бесплатно во случај Каталонија да добие независност и Барселона започне да игра во послаба лига. Забранети му се сите ризични спортови како: Воење моторцикл, џет-ски…Има и клазула според која Меси не смее да се буни за позицијата на која го става тренерот и е обврзан максимално да работи на себе и да ја одржува физичката форма.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…