Руската тенисерка Марија Шарапова во април повторно се враќа на тениските терени по суспензијата, а во интервју за магазинот „Вог“ кажува дека паузата ја искористила за уживање во животот.
„Изминатата година пиев алкохол како никогаш во животот“ открива Шарапова во интервјуто.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Тенисерката беше казнета поради користење на недозволената супстанца мелдониум. Првичната казна беше 2 години супензија, но подоцна беше намалена на 15 месеци.
„Ќе полудев доколку цело време размислував само за тенис“ додаде 29-годишната тенисерка, која што исто така се посветила и на јогата.
Марија Шарапова на тенисот му се враќа на турнирот во Штутгарт, кој што ќе се игра од 24. до 30. април.