Maкедонија вчера беше поразена од Словениај во првиот натпревар на Европското првенство во групната фаза во Дебрецен (27:25).
Словенија беше фаворит, но Македонија одигра тактички добро и констатно бевме резултатски во игра. Причина за поразот може да се бара во големиот број технички грешки.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Искрено сум разочаран, имаме за што да жалиме по овој натпревар, на кој покажавме квалитет, но помалото искуство се покажа решавачко. Одигравме квалитетно, на високо ниво, се боревме за секоја топка, но грешките што ги правевме во клучните моменти беа клучни за конечниот исход. Едно е сигурно, после овој пораз нема да се предадеме, напротив, видовме дека можеме да играме со квалитетни репрезентации. Сакаме да забележиме најмалку една победа, за нас и за овие верни навивачи кои ни дадоа огромна поддршка“,
Следниот натпревар Македонија го игра утре против Црна Гора.
„Црна Гора не е наивен противник, но наша желба е да стигнеме до триумф. Клучно ќе биде да го намалиме бројот на грешки и на загубени топки, ако одиграме како против Словенија, а ги намалиме тие грешки, верувам дека ќе се радуваме на победата“, најави пивотот.
Натпреварот како и претходниот е закажан за од 18:00 часот.